Добредојдовте во месецот на култни филмови

Добредојдовте во месецот на култни филмови


М1 ФИЛМ ја збогати филмската понуда за вас во април. Во текот на целиот месец ќе можете да уживате во многу добри наслови, кои ги категоризираме како култни филмови. Тоа се дела на кои се сеќаваме по една или повеќе декади, филмови кои оставиле трага и кај гледачите и кај критичарите, филмови кои едноставно имаат нешто – таканаречениот икс фактор, па затоа секогаш им се навраќаме и секој пат забележуваме нови детали... Да, тоа се култните филмови! Жанровите се различни, зашто правила нема, освен едно – или е култен или не е.

Ви подготвивме широк избор во април. Ќе можете да ја гледате одличната Пеперутка со Дастин Хофман во главната улога – актер добитник на два Оскара, а неговата богата колекција ја дополнуваат и пет Златни глобуси, три награди БАФТА и една Еми, На нашиот список се наоѓаат и Остермановиот викенд од 1983 година, ремек-дело на еден од најконтроверзните режисери на 70-те и 80-те, Сем Пекинпо.

Тука е и Лавиринт со легендарниот Дејвид Бови во главната улога, а списокот продолжува со екстравагантниот Тарантино и неговите Касапски кучиња, извонредниот Бегство од Шошенк, одличната шпанска драма Љубовта е кучка и урнебесната комедија Американска пита.

Следете ја нашата возбудлива програма и опуштете се во текот на април со незаборавните култни филмови на М1 ФИЛМ!

« Назад