Започнува филмската авантура во Македонија

Започнува филмската авантура во Македонија


М1 Филм веќе во првиот месец на емитување Ви донесува голем број на одлични филмски наслови со кои ќе можeте да уживате од ден во ден. Од акциски напнати трилери па се до забавни комедии. Тука ќе се појават акциски легенди како Силвестер Сталоне и Брус Вилис па се до новите јунаци како Јејсон Статам и Доминик Пурсел. Со смеа ќе ве заразат глумици како што се Џенифер Анистон, Камерон Дијаз или Кетрин Хејгл, а доза на напнаост и неизвесност Ви носат Николас Кејџ, Џон Кузак и Колин Фарел.

Еве и некои од насловите:  Заменливи, Механичар, Нападот на Вол Стрит, Одмаздата на мртвиот човек, Нескршливиот, Фабрика, Замрзнат терен, Убијци, Крими  далавери, Што ве чека кога чекате принова.

Ви посакуваме добра забава зашто М1 Филм е спремен за права филмска авантура.

« Назад