Лавиринт

Лавиринт

Labyrinth

Жaнp:Авантура, Фамилијарен, Фантазија
Tpaeње:97 мин.
Режисер:Jim Henson
Улоги:David Bowie, Jennifer Connelly, Toby Froud
« »
Кратка содржина

Тинејџерката Сара ќе задоцни дома и родителите, кои штотуку излегуваат, ќе ја прекорат, со оглед на тоа што сметале дека Сара ќе го причува малиот брат Тоби. Кога родителите ќе заминат, Тоби почнува без престан да плаче. Не знаејќи како да го смири, Сара посакува гоблините да го земат нејзиниот брат, што и се случува. Не можејќи да поверува дека детето исчезнало од креветот, Сара ќе зажали, но куќата веќе е окупирана од гоблините и од гоблинскиот крал Џаред (Дејвид Боуви), кој ќе го однесе Тоби во својот дворец. Џаред ќе го претвори брат и во гоблин ако Сара не успее во рок од 13 часа да помине низ лавиринтот кој води до дворецот на Џаред. Одлучна да си го врати братот, Сара тргнува низ лавиринтот во кој ќе сретне многу чудни суштества и гоблини.