
Месец на акциски ѕвезди на М1 ФИЛМ
М1 ФИЛМ ви носи возбудливи денови во Месецот на акциски ѕвезди! Врвни актерски имиња, како што се Долф Лангрен, Стивен Сигал, Жан-Клод ван Дам, Стив Остин, Брус Вилис и многу други, редовно ќе ви впрскуваат доза адреналин во текот на целиот март! Ќе има сѐ и сешто – од полицајци на работ од законот, банди од подземјето, платени убијци, војни специјалци, армиски сепцијалци, професионални борци и затворски подведувачи, па сѐ до илегални пилоти. Веруваме дека нема да имате потреба да го менувате каналот. Ве очекуваат следниве наслови; 16 Блока, Крвна одмазда, Игра на смртта, Опасен човек, Кикбоксер, Во кафез, Без милост и Убиствена брзина. Ве очекуваат богати и драматични филмски минути.
Уживајте во нашата програма!