Џек Хантер и изгубеното богатство на Угарит

Џек Хантер и изгубеното богатство на Угарит

Jack Hunter and the Lost Treasure of Ugarit

Жaнp:Авантура
Tpaeње:94 мин.
Режисер:Terry Cunningham
Улоги:Ivan Sergei, Joanne Kelly, Thure Riefenstein
« »
Кратка содржина

Џек Хантер (И. Сергеј), авантурист и ловец на богатства, оди во Сирија по убиството на неговиот ментор, професорот Фредрик Шафер (С. Лоулор), кој му беше како татко. Професорот Шафер веруваше дека луѓето од Угарит, сириски град кој постоел во времето на фараоните, го закопале богатството пред да бидат уништени. Џек Хантер е еден од само неколкуте археолози кои можат да читаат угаритски записи, но тој не верува во приказната за закопаното богатство. Пред неговата смрт, Фредерик открива трага што ја потврдува вистината на неговата теорија. Во Сирија, Џек се среќава со Надја Рамадан (K. Кели), од сириското Министерство за археологија. Надја верува дека Џек дошол во Сирија само за да им ги украде историските ракотворби и да ги продава по висока цена. Таа и нејзиниот соработник Тарик Калиф (М. Басил) го придружуваат Хантер во неговата мисија да го открие убиецот на професорот Фредерик. За време на патувањето, Џек открива дека богатството навистина постои ...