Празниците стигнаа и на М1 ГОЛД!

Празниците стигнаа и на М1 ГОЛД!


Ниту едно празнично задоволство нема да биде целосно без топлите божиќни филмови. Семејството, топлината на домот, моменти на опуштеност со пријателите, како и добриот филм, токму тоа нѐ прави посебно весели во овие зимски месеци.

Во декември посебно за вас подготвивме низа божиќни наслови, од кои на каналот  M1 GOLD ќе можете да ги видите Шелби: Божиќна магија од 2014 година, потоа Божиќен змеј од истата година – авантуристички фичлм во кои децата од сиропиталиштето се обидуваат да го спасат Божиќ со помош на змеј. Забавувајте се со две епизоди на Бен Хур, а погледнете ја и првата филмска адаптација на Господарот на прстените и тоа во анимирано издание, потоа романтичниот Камил, акцискиот Бунраку, урнебесниот Браќа, како и многу други. Следете ја нашата програма и во јануари – ви ги подготвивме Принцот, одличен акциски трилер со Брус Вилис, Џејсон Патрик и Џон Кјузак во главните улоги.

M1 GOLD ви посакува пријатни празнични мигови и многу среќа во Новата 2016 година!

« Назад