Кралство на животните

Кралство на животните

Animal Kingdom

Жaнp:Криминалистичка драма
Tpaeње:118 мин.
Режисер:David Michôd
Улоги:James Frecheville, Guy Pearce, Joel Edgerton
« »
Кратка содржина

Осамениот Џошуа Џ. Коди е повлечен 17-годишник, којшто еден ден ќе ја најде мајка му мртва како последица од предозирање со дрога. Од својата баба Џанин ќе побара помош, а таа ќе го прими во својата куќа. Скриена зад маската на симпатична жена, Џанин е, всушност, манипулатор, којашто управува со криминалните активности на своите тројца синови. Покрај ограбувачот Ендрју, наречен Попу, тука се и насилникот и убиец Дерен и наркодилерот Крег. Иако домот на баба му е под постојан полициски надзор, Џошуа брзо ќе се вклопи во новата средина. Но наскоро ќе избие војна меѓу полицијата и семејството Коди, а Џошуа ќе се покаже како клучен играч. Но кога новиот инспектор Нејтан Леки ќе ја преземе истрагата, работите ќе тргнат во неочекувана насока...