Што беше сега ова?

Што беше сега ова?

What Just Happened

Жaнp:Комедија, Драма
Tpaeње:104 мин.
Режисер:Barry Levinson
Улоги:Robert De Niro, John Turturro, Stanley Tucci
« »
Кратка содржина

Како фуриозна воденица која меле сѐ што ќе ѝ наиде, тече една недела од животот на продуцентот Бен (Р. Де Ниро), кој се бори со режисерот Брунел (М. Винкот) да се согласи на промени во филмот, бидејќи во спротивно, филмот нема да се прикажува во Кан и сите ќе изгубат милиони долари, што шефицата на студиото, Лу Тарноу (К. Кинер) нема да го дозволи. Тој се бори и со ѕвездата на неговиот нов филм, Брус Вилис, кој се здебелил и не сака да ја избричи брадата, иако изгледа како Гризли Адамс, а не како Брус, миленикот на публиката. Ќерката на Бен од првиот брак има насолзени очи и не сака да каже што и е, а последната сопруга на Бен, со која живеат разделени, иако се уште се сакаат - го изневерува со писател кој Бен го препознава по чорап заборавен под креветот. Згора на сѐ е и смртниот страв од неуспех...